За нашиот патрон

За Војдан Чернодрински


Војдан Поп Георгиев Чернодрински (15 јануари 1875—8 јануари 1951) е основоположник на македонското драмско творештво и театар. Чернодрински е роден во с. Селци, Дебарско. Учел гимазија во Солун, па во Софија, каде го основал гимназискиот литературен кружок „Македонски зговор“. Бил член и на „Младата македонска книжовна дружина“. Контактите со македонските емигранти влијаеле врз формирањето на неговата национално-револуционерна и социјалистичка свест. Во Грац и во Берн студирал правни науки, но не ги завршил.

По многу перипетии на сцената на Софискиот театар, на 7. ноември 1900 година, успеал да ја постави драмата „Македонска крвава свадба“.

Успехот на претставата го поттикнала тој да формира македонски театар.

На своето име си го додал псевдонимот Чернодрински и ја оформил драмската група „Скрб и утеха“ (1901), која подоцна прераснала во „Столичен македонски театар“ (1902) и патувал низ Бугарија, Србија и Македонија.

Учествувал во Балканските војни и во Првата светска војна и го доживеал распарчувањето на Македонија. До крајот на животот живеел во Софија.

Освен „Македонска крвава свадба“, тој ги напишал и едночинките: „Дрвари“, „Во меаната“, „Мајстори“; драмите: „Македонска емиграција“, „Зло за зло“, „Од глаата си патиме“, „Робот и агата“, „Срешта“ и др.