За нас

0
МЕТРИ КВАДРАТНИ УЧИЛИШНА ПОВРШИНА
0
МЕТРИ КВАДРАТНИ ДВОРНА ПОВРШИНА
0
УЧЕНИЦИ
0
ПАРАЛЕЛКИ

Нашата приказна

Училиштето е лоцирано во централното градско подрачје на ул „Дрезденска“ бр.3 населба Тафталиџе во Скопје. Училиштетео е изградено 1955 година во тврда градба. Поделено е на два дела: ниска и висока зграда.

Реонот на Општинското основно училиште „Војдан Чернодрински“, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Тафталиџе што се простира на исток до ул„Франклин Рузвелт“, на југ до ул „Теодосије Гологанов“, на север до бул „Партизански Одреди“ и на запад до ул „8 Септември“.

Дополнителни податоци за училиштето.

Просторот што го зафаќа училиштето изнесува 6971 м2 и училишен двор од 3578 м2 овозможувајќи активен одмор и рекреација на учениците на трвните површини. Училиштето има и спортски игралишта, спортска сала со површина 500м2, фудбалско игралиште 700м2 и кошаркарско игралиште 300 м2

Основното училиште дејствува како самостојно училиште во две смени и во него се воспитуваат и образуваат 537 ученици во 22 паралелки со наставен и друг кадар од 51 лице. Наставата во основното училиште се одвива на македонски јазик. Основното училиште Војдан Чернодрински организира и продолжен престој за своите ученици.

Училиштето е збратимено со ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ с.Долно Количани, општина Студеничани.