Едно шише – два поени
♻️🌱 Екоакција во основните училишта во Карпош
„Пакомак“ ја претстави новата еколошка иницијатива „Едно шише – два поени“, која ќе се реализира во основните училишта на територијата на Општина Карпош, со цел поттикнување на еколошката свест и правилното селектирање на отпадот.
Преку натпревар и тимска работа, учениците ќе развиваат еколошки навики и ќе учат за важноста на рециклирањето.
За секое пластично шише одложено во вендинг-машините на „Пакомак“, поставени во поголемите супермаркети, ќе се донира дополнителен поен за одделението. ♻️
🏫 На крајот од учебната година ќе бидат прогласени најеколошките одделенија, кои ќе добијат симболични награди за својот труд и придонес.
❤️ Секое шише има вредност – кога ќе заврши на вистинското место!







Поврзани содржини