Искра региона
Со особена чест и гордост споделуваме дека наставник-ментор Љупка Миленковиќ од нашето училиште е добитник на јубилејната повелба „Искра региона“, доделена од Асоцијацијата на најдобрите наставници и лидери од регионот. 🏆✨
Јубилејната повелба ѝ беше врачена во рамки на јубилејната 10. Регионална наставничка конференција „Светот на образованието ги брише границите“, одржана на Златибор, од страна на Жељана Радојичиќ Лукиќ – основач на Асоцијацијата и една од 50-те најдобри наставници во светот во рамки на светската награда Global Teacher Prize. 🌍📚
Во рамки на активноста „Искрице инспирације“, наставникот Љупка Миленковиќ учествуваше со пленарно излагање, при што ја претстави иницијативата „Градиме еко-заедница“ како пример на добра наставна практика, креативност, иновативност и инклузивен пристап во наставата. ✨🌱
Во рамки на оваа иницијатива беа претставени и активности со Street Smart едукативни знаменца, реализирани со поддршка на Eko Logik, како современ интерактивен пристап во работата со ученици.
За реализацијата на пленарното излагање ѝ беше доделена и Захвалница од Асоцијацијата на најдобрите наставници и лидери од регионот. 🏅
Таа учествуваше и во „Makedonski mozaik“ – Саем за образовни идеи, каде за претставените активности и ученички проекти ѝ беше доделена и диплома. 📚🧩
Честитки за значајното признание, успешното пленарно претставување и регионалната промоција на современото образование! 👏❤️















Поврзани содржини