Street Smart работилница „Facing Trauma“
На 18.05.2026 година, со учениците од VII-в одделение беше реализирана интерактивна Street Smart работилница „Facing Trauma“ („Соочување со траума“), под менторство на наставничката Љупка Миленковиќ.
Работилницата е реализирана во соработка со Eko Logik, преку примена на Street Smart едукативните знаменца, развиени од MobileSchool.org.
Преку визуелни прикази, разговор, анализа на ситуации и интерактивни активности, учениците имаа можност да размислуваат и дискутираат за емоциите, траумата, емпатијата, поддршката и важноста на меѓусебното разбирање и почитување.
Активноста поттикна развој на емоционална писменост, критичко размислување, комуникациски вештини и создавање позитивна и инклузивна училишна средина.
👏 Благодарност до учениците за активното учество, зрелите размислувања и одличната соработка.











Поврзани содржини