Акростих: „Нашата училница“
Нашата училница е посебно место за нас,
а сигурно и вашата за вас. 🏫
А таа е голема, многу место имаме,
пријатели од секаде примаме. 👫
Штом дојде пролет, под прозорците садиме дрвца мали,
зеленило никогаш не ни фали. 🌿🌳
Ајде заедно во училницата да уживаме,
заедно да ѝ се радуваме. 😊
Табли модерни имаме за цртање и пишување,
приказни нови за раскажување. ✏️🎨
А ѕидовите украсени со цртежи разни,
за нас тие се многу важни. 🖼️
Училницата наша е посебно место,
ја чуваме многу вешто. 🧼✨
Читаме книги од библиотеката наша,
може да ја најдете и „Медо и Маша“. 📚📖
Имаме прозорци со убав поглед,
како во планина да гледаш со двоглед. 🏔️🔭
Лелеава завеса шарена како цвет,
училницата е нашиот прекрасен свет. 🌸🌺
Насекаде смеа и џагор се слуша,
рај за детската душа. 👧🧒
И многу нови работи учиме на секој нов час,
училницата е убаво и пријатно место за нас. 💡📚
Цвеќиња разни во саксии садиме,
секој ден ги пазиме. 🪴🪴
Ајде сите заедно во училиштата да уживаме,
во вистински луѓе да се развиваме. 🌟❤️
📝Акростих: „Нашата училница“ 🏫✨
Честитки за дечињата од IIв одд. и наставничката Наде!









Поврзани содржини