Час по математика „Кодирај ја дропката“
NTC системот за учење (Никола Тесла Центар) е специјализирана програма наменета за развој на когнитивните способности на децата преку игра и движење. Авторот на овој систем е д-р Ранко Рајовиќ. Главната цел е развој на функционално знаење — способност на детето да го поврзува наученото и да го применува во секојдневниот живот, наместо само механички да меморира информации. 🧠🧩✨
📐 Час по математика „Кодирај ја дропката“ по NTC систем во II-в одделение! 💡🎓
Учениците од II-в одделение, заедно со наставничката Наде, активно работат по NTC системот за учење. 👩🏫📚
За конкретниот час по математика на тема „Кодирај ја дропката“, учениците успешно ги совладаа сите предизвици и се стекнаа со сертификати! 📜🏅
👏 Честитки за нашите вредни ученици и нивниот иновативен пристап кон учењето! 🎉🎉










Поврзани содржини