Гео QR: Скенирај и научи

🗺️ Иновативен проект по географија: „Гео QR: Скенирај и научи“ 📲✨

Во рамки на патрониот празник во нашето училиште беше поставена изложба од училишниот иновативен проект по географија „Гео QR: Скенирај и научи“, кој е дел од Годишната програма за работа на училиштето. 🏫🌍

Проектот има за цел да развие љубопитност, критичко размислување, креативност и дигитална писменост кај учениците преку примена на современа технологија – односно QR-кодови во процесот на учење. 💡📱

Учениците од VII, VIII и IX одделение преку географски карти, QR-кодови, фотографии, кратки описи и интересни факти ги претставија континентите на современ и интерактивен начин. 🗺️📸

Со скенирање на QR-кодовите, посетителите имаа можност да откријат дополнителни содржини и да видат како знаењето може да биде креативно, современо и достапно за сите! 🔍🌟

👩‍🏫 Ментор: наставничката по географија Љупка Миленковиќ.

👏 Искрена благодарност до сите ученици за вложениот труд, креативност и тимска работа! 🎉🙌

Oou Vojdan Cernodrinski Logo 225, 21-08-2026
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе