Интерактивна Street Smart работилница „Mathematical Trains“

На 04.06.2026 година беше реализирана интерактивна Street Smart работилница „Mathematical Trains“ со учениците од III-а одделение, под менторство на наставничката Љупка Миленковиќ, во соработка со наставничката Виолетка Симоновска-Димитровска.
🚂➕ Интерактивна Street Smart работилница „Mathematical Trains“
Работилницата е реализирана во соработка со Eko Logik, преку примена на Street Smart едукативното знаменце „Mathematical Trains“, дел од меѓународната StreetSmart/MobileSchool програма.
Преку игра, интерактивни математички предизвици и тимска работа, учениците имаа можност да применуваат собирање, одземање, множење и делење, следејќи низа математички операции низ „вагоните“ на возот. Секој нов резултат претставуваше почетна вредност за следната операција, што бараше внимание, концентрација и прецизност.
Со помош на коцка и хартиени бројки, учениците активно учествуваа во решавањето на задачите, пополнувајќи ги вагоните со точните резултати и проверувајќи ја точноста на своите пресметки.
Активноста поттикна развој на математичка писменост, логичко размислување, концентрација, прецизност, соработка и вештини за решавање проблеми.
👏 Благодарност до учениците од III-а одделение за активното учество, ентузијазмот и одличната соработка.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.