🎯 Мисија
❓ 1. Што сакаме да постигнеме?
❓ 2. На кој начин би го постигнале тоа?
🏫 Нашето училиште претставува здрава и пријатна средина, во која се едуцираат учениците преку истражувачки проекти, интеракција и добра организација на воспитно-образовниот процес каде што ученикот е главен субјект на сите активности, а со своите стекнати знаења, вештини, способности и сфаќања успешно ќе се интегрира и инклузира во едно мултикултурно општество.
🌟 Визија
🚀 Со заеднички сили се стремиме кон подобра иднина: осовременување на наставните средства, усовршување на наставничкиот кадар и подобрување на училишната клима во училиштето каде секој од нас ќе се најде себеси во остварувањето на воспитниот и едукативен процес и каде што ќе се развива дружењето и соживотот меѓу сите ученици без разлика на нивната возраст, способност, сексуална ориентација, раса, социо-економското потекло, религија, родова и етничка припадност.
💡 Мото
✨ „Училиште во кое сите имаат можност да напредуваат според сопствените потреби и можности.“
