Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад
🌿 Учество на завршниот настан за проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија“ 🌍
На 28 мај, во Градскиот парк (на Школка) во Скопје, се одржа завршниот настан од проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. 🌳✨
На овој значаен еколошки настан зедоа учество и нашите вредни ученици, кои се претставија со својот креативен и одржлив проект „Еко саксија“. 🪴♻️
🎤 Успешна презентација и признание
Нашите ученици со голем ентузијазам и самоувереност го презентираа проектот пред претставниците од РЕЦ (Регионалниот еколошки центар), како и пред сите присутни учесници, наставници и посетители. 👏💡
За својата успешна, посветена работа и придонес кон зачувувањето на животната средина, учениците беа наградени со сертификати за учество. 📜🏆
Честитки до нашите ученици и нивните ментори за одличната презентација и посветеноста кон еколошките вредности! 💚🌱








Поврзани содржини