Литературен конкурс „Да бидеме почујни“

🦄 Хуманитарното здружение „Јуникорн-2024 Скопје“ распиша литературен конкурс на тема „Да бидеме почујни“. Нашата наставничка Надица Митевска учествуваше со нејзина литературна творба „ИМА МЕСТО ЗА СИТЕ“. Следната година нејзината песна ќе се објави во „Збирка поезија“. Честитки, и посакуваме уште долги години да твори!

ИМА МЕСТО ЗА СИТЕ

Во една училница сите сме збрани,
од различни места, од различни страни.

Некој од нас чита брзо, како поточе,
некој чита збор по збор.

Некој е дојден од друг крај и срамежливо гледа,
подај му рака, помогни му сега.

Ние чекаме и трпеливо го слушаме,
со очињата го охрабруваме.

Ние сме како цветна градина,
секој цвет со своја боја цвета.

Ако свене и еден цвет,
посиромашна ќе биде цела планета.

Биди сонце што ќе му го осветли патот,
зошто добрината вреди повеќе од злато.

Помогни кога на некого му е најтешко,
не го остаавај да биде сам.

Прифати го таков каков што е,
ќе имаш вистински пријател, знам.

Под ова големо небо има место за сите,
ајде сите заедно да направииме среќни да ни бидат дните.

Автор Надица Митевска

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.