Интерактивна Street Smart работилница „Who Can Help?“
На 25 мај 2026 година беше реализирана интерактивна Street Smart работилница „Who Can Help?“ („Кој може да помогне?“) под менторство на наставничката Љупка Миленковиќ.
🌍💬 Интерактивна Street Smart работилница
Работилницата е реализирана во соработка со Eko Logik, преку примена на Street Smart едукативните знаменца, развиени од MobileSchool.org.
Преку анализа на различни животни ситуации, учениците дискутираа за предизвиците со кои може да се соочат младите, препознаваа можни извори на помош и поддршка и размислуваа за соодветни начини на реагирање во различни околности.
Преку интерактивна работа, разговор и размена на мислења, учениците ги поврзуваа животните ситуации со лицата и институциите кои можат да понудат помош, развивајќи вештини за донесување одлуки, критичко размислување, емпатија, соработка и одговорност.
Активноста придонесе за развој на животни вештини, јакнење на социјалните и емоционалните компетенции и поттикна создавање позитивна, безбедна и инклузивна училишна средина.
👏 Благодарност до учениците за активното учество, зрелите размислувања и одличната соработка.










Поврзани содржини