Поетската збирка „Водопад меѓу две раце“

📚 Промоција на поетската збирка „Водопад меѓу две раце“ во ООУ „Војдан Чернодрински“ ✨

Денес во спортската сала на ООУ „Војдан Чернодрински“ свечено беше промовирана збирката „Водопад меѓу две раце“ – песни и писма напишани од членовите на училишниот клуб „Млади библиотекари“, под менторство на Дијана Петкова, а во издание на „ПНВ Публикации“. 📖🖊️

Збирката е инспирирана од антологиската поетска збирка „Дениција“ на Петре М. Андреевски. Изработена е во учебната 2024/2025 година како искрен придонес кон одбележувањето на 90-годишнината од неговото раѓање. Песните претставуваат креативно пресоздавање на песните за Дениција. 🕊️❤️

Збирката содржи вкупно 51 песна и 16 писма, поделени во три посебни циклуси:

🔹 „Капе светлина“ – песни создадени со користење на техниката затемнување на околниот текст (blackout poetry).
🔹 „Светлосни преѓи / Постојана убавина“ – песни изработени со техниката книжевен колаж.
🔹 „Писмо до сакана личност“ – песни напишани прво преку техниката писмо до себеси, а потоа како лични писма до сакана личност.

Преку стиховите и пораките, публиката имаше можност да ја почувствува убавината на македонскиот јазик, искрените емоции и силата на уметничкиот израз. Промоцијата создаде посебна топла атмосфера во која литературата ги поврза сите генерации и ја разгоре љубовта кон читањето и пишаниот збор! 👏🎉✨

Oou Vojdan Cernodrinski Logo 225, 21-08-2026
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе